Александар Вучиќ и Хашим Тачи на 2 септември на средба во Белата куќа

ricard_grener___t

На 2 септември лидерите на Србија и на Косово ќе се состанат во Белата куќа за да преговараат, објави денеска специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите држави за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел. „Среќни сме да објавиме дека лидерите на Косово и Србија ќе се состанат во Белата куќа за да преговараат на 2 септември“, напиша Гренел на својот профил на Твитер. Претседателот на Косово Хашим Тачи и претседателот на Србија Александар Вучиќ, требаше да се сретнат во Белата куќа во Вашингтон на 27 јуни, со посредство на Гренел.

Zito akcija 640x289px

Тачи го откажа своето патување во Вашингтон откако беше објавено обвинението против него. Тогаш Хоти потврди дека ќе го замени, но се премисли.

Agria

Гренел потоа ја одложи средбата. „Благодарам, премиер Хоти. Ја разбираме вашата одлука и со нетрпение очекуваме да закажеме нова средба наскоро“, напиша тогаш претставникот на Трамп. Дијалогот меѓу Белград и Приштина беше обновен во јули, по застој од 20 месеци. Александар Вучиќ и Авдулах Хоти, се состанаа во Брисел на 16 јули, со посредство на специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/10145/kaj-veleshko-malo-movche-policzijata-uapsi-grupa-od-chetvoricza-osomnicheni-kradczi/