Александра Скорниева префрлена на скопските клиники

Aleksandra Skornieva

Велешанката Александра Скорниева, која по 24 часовна потрага беше пронајдена жива во провалија во близина на браната на велешкото езеро Младост, е префрлена на клиниката за трауматологија во Скопје.

Zito akcija 640x289px

29-годишната девојка, која беше пријавена за исчезната, е во стабилна состојба и е вон животна опасност, но откако и било направено компјутерско снимање на телото, констатирани се повеќе скршеници, велат од велешката болница.

Agria

„Кај младата девојка е констатирана скршеница на вратни прешлени, на клучна коска и на карлица и затоа тимот на лекари од хирушкото одделение донесе одлука со возило на итна помош од велешката болница да биде пренесена на понатамошно лекување во Клиниката за трауматологија во Скопје“, рече д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на Општа болница Велес.

По пронаоѓањето на девојката, со неа во велешката болница разговарал и психијатар, на кого девојката му изјавила дека била премрзната.

Александра Скорниева исчезна завчера, кога во 8:15 минути го напуштила својот дом, а за нејзиното исчезнување алармираше нејзината сестра преку Фејсбук. Граѓани кои самоиницијативно организираа групи за потрага на исчезнатата Скорниева, ја пронајдоа вчера околу 9:30 часот, во провалија под мостот на браната на велешкото езеро Младост.

Минатата недела Скорниева имала семејна трагедија, кога починал нејзиниот татко.