Во последниве 24 часа во земјава починале 7 пациенти позитивни на вирусот Ковид-19, објави Алсат ТВ.
Според информациите на телевизијата, 6 од нив починале во болницата „8 Септември“, а еден во Клиниката за инфективни болести.
Со ова вкупниот број починати во нашата земја достигна 140.
Официјални информации околу бројот на новозаболени до овој момент сѐ уште нема, но вицепремиерот Бујар Османи, изутринава, преку својот фејсбук профил објави дека денеска бројот на нови случаи е уште позагрижувачки.
Батали.нет дознава дека 27 од новозаразените се од Штип.