Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе започне преговори со Институтот за вирусологигија, вакцини и серуми „Торлак“ да стане наш стратешки партнер за набавка на вакцини.
Филипче заедно со претставници од Министерството ќе се сретнат со српскиот Министер за здравство Лончар.
Министерот Филипче пред неколку дена реле дека во овој момент не ни се потребни вакцини, но гледаме како се одвива работата со пандемијатаи. Тој додаде дека не можеме да претпоставиме како ќе се одвива пандемија и смета дека е најлогично решение Институтот ’Торлак’ да ни биде стратешки партнер во делот на набавка на вакцините понатаму кога ќе треба во согласност со тоа како ќе се одвива пандемијата.
Српскиот Институт „Торлак“ утре треба да ја произведува руската вакцина „спутник В“.
Филипче вчера извести дека засега нови количини вакцини нема да се набавуваат оти е договорена набавка на 2,6 милиона дози од разни производители одговарајќи на новинарско прашање дали се преговара за нова набавка со „Торлак“.
На состанокот во Белград министерот Филипче рече дека ќе разговараат и теми во делот на соработката што ја имаат надвор од прашањето за вакцините, како што е доаѓањето нивни експерти кај нас во делот на гинекологијата, неонатологијата, како и во делот на кардиохирургијата.
Можеби ќе ве интересира: