Екипата на Башкими од село Горно Јаболчиште заедно со екипата на Венец, се најпријатните изненадувања по три кола во Третата фудбалска лига- Југ. На стадионот во населба Чашка тие го совладаа составот на Бучин со резултат 3:0.
Содржината продолжува под рекламата
Домашниот состава поведе со голот на Алби Јашари во 39 минута, а само две минути подоцна Зани Ахмедовски во 41 минута зголеми на 2:0. Со вториот гол на Јашари во 50 минута беше поставе конечниот резултат.
Содржината продолжува под рекламата
По три одиграни кола Венец и Башкими се на делба на првото место со седум освоени бода. Во следното коло Башкими гостува во Прилеп кај екипата на Ултрас, која вчера беше совладана од екипата на Превалец на домашен терен.
Можеби ќе ве интересира: