Борец Баскет славеше над МЗТ Скопје УБ, собрани 29 000 денари за лекување на Леонид Индов

Борец Баскет славеше против МЗТ Скопје Уни Банка со резултат 66:62. Со оваа победа велешани се најдоа на шестата позиција на табелата со скор од 8 победи и 8 порази.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малиот број на поени, како и бројните грешки, го одбележа целиот натпревар. Во првата четвртина гостите од Скопје беа подобри и ја завршија со водство 18:21. Во втората велешани ја презедоа и контролата на резултатот 20:16, па на одмор заминаа со поен предност 38:37. И во второто полувреме иста слика. Крајот на третиот период донесе пет поени позитива за домаќинот 56:50. Борец го контролираше резултатот иако во завршницата гостите можеа да стигнат и до израмнување. Сепак, на крајот домашниот состав заслужено се радуваше на победата.  

Содржината продолжува под рекламата

Agria

За одбележување е тоа што клубот одлучи средствата од продадените билети да бидат донирани во фондот за успешно лекување и рехабилитација на младиот Леонид Индов. Собрани се 29 120 денари кои ќе бидат уплатени во фондот за лекување на Леонид Индов.

Во следното коло Борец Баскет гостува во Прилеп кај екипата на Мега Баскет, која се наоѓа на осмата позиција со скор од 6 победи и 10 порази.

Можеби ќе ве интересира: