Фудбалерите на Борец им наплатија со камата на Големо Коњари за есенскиот пораз во Велес, совладувајќи го домашниот тим со резултат 6:0.
Хет трик постигна Јосиф Манасиев, а стрелаа уште Пеце Стојанов, Александар Јордановски како и Костадиновски кој постигна прекрасен погодок од слободен удар.
По 18 одиграни кола велешани се на добар пат да го освојат првото место во Третата фудбалска лига – Југ и обезбедат пласман во баражот за влез во Втората фудбалска лига.
Moжеби ќе ве интересира: