Останаа уште две кола до крајот на есенскиот дел од Третата фудбалска лига Југ. Велешките екипи кои се натпреваруваат во оваа лига, Борец и Превалец, ова коло ќе бидат домаќини на екипите на Ултрас и Слога Лажани.
Содржината продолжува под рекламата
Борец ја има улогата на фаворит против пеилепскиот состав Ултрас. Велешани заостануваат четири бода зад лидерот Големо Коњари, додека екипата на Ултрас иако на стартот од првенството најавуваше битка за висок пласман, тие се претпоследни на табелата со седум освоени бода. Натпреварот ќе се одигра утре на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, со почеток од 13 часот.
Содржината продолжува под рекламата
Во недела пак на стадионот во велешката населба Превалец, ќе гостува Слога од прилепското село Лажани. Гостите се наоѓаат осмото место на табелата, со девет освоени бода, додека фудбалерите на Превалец се наоѓаат на втората позиција на табелата, без ниту еден пораз во досегашниот дел од првенството. Натпреварот започнува во 13 часот.
Можеби ќе ве интересира: