Фудбалерите на Борец утре ќе го одиграат и третиот контролен натпревар во овој подготвителен период против екипата Еуромилк. Новиот тренер на велешани Љупчо Димитковски ќе има одлична можност да види до каде е состојбата и формата на екипата против доста засилениот третолигаш.
Содржината продолжува под рекламата
Скопјани за пролетниот натпреварувачки дел донесе голем број на нови играчи, како Филип Петковски, Роберт Митев, Христијан Вецески и Оливер Пеев кои имаат големо прволигашко искуство.
Содржината продолжува под рекламата
За Борец ова е трет пријателски-контролен натпревар. Во првиот натпревар беа совладани од Победа со 2:0, додека на вториот контролен натпревар со Илинден славеа со голот на Манасиев со 1:0.
Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес со почеток од 14 часот.
Можеби ќе ве интересира: