
Eкипата на ФК Борец 1919 продолжува да се засилува во летниот преоден рок и претстави две нови имиња, Стојан Петковски и Горан Димоски.
Содржината продолжува под рекламата
Стојан Петковски е играч од средниот ред кој има 28 години и пристигнува од актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш. Претходно во својата кариера беше дел од Пелистер, Работнички, како и на Вардар од Неготино.
Содржината продолжува под рекламата
Младиот Горан Димоски има само 19 години и доаѓа од прилепска Победа. Тој може да ги покрие страничните позиции, како бек и како крило.

Тие се петтото и шестото засилување за Борец откако претходно потпиша: Петар Јакимов, Матеј Цветановски, Берат Исмаил и Флорент Османи.
Можеби ќе ве интересира:
- Заменик министерот Исени во посета на СВР Велес
- Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
- Промоција на книгата „Да се биде дете“ од Наташа Брезовска-Богоевска во рамките на Велешко лето
- Биткоинот со историски најголема вредност, за првпат надмина 120.000 долари
- ЦУК: Сеуште активен пожарот меѓу селата Џидимирци и Крушје во велешко