Бројот на активни случаи на ковид-19 во Велес надмина 100, денес нови 13 случаи

Veles od kaj mene JULI 2021
Veles od kaj mene JULI 2021

Во ковид статистиката на Министерството за здравство 13 велешани се меѓу новозарените со ковид-19 во последните 24 часа, четворица пациенти се регистрирани како оздравени, а едно лице на 47 годишна возраст е починато. Во моментов, во Велес има 107 активни случаи со ковид-19.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 8.192 тестирањe, а регистрирани се 1.250 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 421, Гостивар – 192, Тетово – 133, Куманово – 80, Струмица – 67, Кичево – 62, Струга – 53, Охрид – 38, Прилеп – 25, Битола – 23, Дебар – 19, Кавадарци – 15, Велес – 13, Штип – 12, Свети Николе – 11, Радовиш и Валандово – по 10, Кочани и Берово – по 9, Гевгелија и Ресен – по 8, Кратово – 6, Крива Паланка, Крушево и Македонска Каменица – по 4, Делчево, Виница и Македонски Брод – по 3, Неготино и Демир Хисар – по 2, Богданци – 1.

Agria

Регистрирани сe 265 оздравени пациенти, пријавени се 22 починати лица: по 4 починати лица од Скопје (51г,66г,69г, и 72г), и Тетово (38г,71г,72г и 77г), 3 починати лица од Гостивар (57г,72г и 80г), по 2 починати лица од Охрид (69г и 85г), Струга (66г и 73г), Кичево (47г и 83г) и Дебар (67г и 84г), по едно починато лице од Куманово (64гг), Велес (47г) и Валандово (76г).

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: