Цените на недвижностите драстично паѓаат во Германија

bolnica Germanija Lippstad
bolnica Germanija Lippstad

Цените на комерцијалните недвижности во Германија нагло паднаа во четвртиот квартал од 2023 година, покажаа податоците од банкарската асоцијација ВДП откривајќи го влијанието на повисоките трошоци за финансирање и изградба. Во периодот од октомври до декември цените биле 12,1 отсто пониски во однос на истиот период во 2022 година, пресметале од здружението. Ова е најголем пад откако ВДП ги објавува податоците.

Zito akcija 640x289px

Минатата година тие паднаа 10,2 отсто по речиси стагнација во 2022 и 2021 година, покажуваат податоците на здружението. „Сè уште нема знаци за промена на трендот на цените на недвижностите и покрај честите шпекулации во јавноста. Како што сега стојат работите, ситуацијата ќе биде тешка и во 2024 година“, изјави извршниот директор на ВДП, Јенс Толкмит.

Agria

Намалувањето на каматните стапки во еврозоната поттикна бум на пазарот на домување, особено во Германија, но Европската централна банка (ЕЦБ) почна да ги зголемува во јули 2022 година за да ја спречи инфлацијата. Од јули 2022 до септември 2023 година тие ги зголемија 4,5-процентни бода.

Поголемите трошоци за финансирање и повисоките цени на градежните материјали предизвикаа проблеми кај недвижностите и градежните компании. Австриската групација „Сигна“ прогласи банкрот, а ЕЦБ стравува од можни проблеми при наплатата на кредитите.

„Моделот на банкарски заеми за компаниите за недвижности имплицира дека зголемените финансиски трошоци би можеле да го удвојат уделот на заемите на компаниите загубари до дури 26 отсто“, пресмета ЕЦБ во извештајот објавен кон крајот на минатата година.

„Портфолијата на комерцијални недвижности во банкарските средства се релативно ограничени, што значи дека веројатно нема сами да доведат до системска криза, но во случај на стрес на поширокиот пазар, тие би можеле да играат улога на значаен ‘засилувач’“, предупредија тие.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: