Kozuvcanka Web Banner_600x200 Srekna nova 2025

Цените рипнаа за над 13 проценти, животните трошоци за 17 отсто

market
market

Трошоците на живот во јануари се зголемиле за 17,1 процент во однос на истиот период лани, а цените на мало се пораснале за 13,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во рок од еден месец, пак, односно во периодот од декември 2022 до јануари 2023 година, трошоците за живот се зголемиле за 0,1 отсто, додека цените на мало, според Државниот завод за статистика, се намалиле за 0,4 проценти.

Содржината продолжува под рекламата

Според Државниот завод за статистика, по покачени цени се продаваат кафето, чајот, какаото, рибата и морските плодови, свежото и разладеното овошје, жестоките пијалаци, месото, лебот и житата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи.

Намалување на трошоците на животот во споредба со декември има кај свежиот и разладен зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови, кај маслото и виното, како и кај воздухопловниот патнички транспорт, снабдувањето со вода, обувките, горивата, малите електрични апарати за домаќинствата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: