Да се биде мајка што работи од дома е најтешката задача на светот

majka i kerka

Дебатата „вработена мајка или мајка што останува дома“ трае со децении. Која ситуација е идеална за детето? Што е полесно за мајката и семејството? И, се разбира, што е поголем предизвик во одржувањето рамнотежа помеѓу работата и животот?
Како мајка што работи дома, јас сум некаде на средина. Во шесте месеци колку што сум мајка, не морам да се збогувам секое утро со ќерка ми како што би правела кога би ја оставала во дневен престој. И иако сум многу, многу благодарна за ова, исто така сакам да кажам: ваквото искуство не е лесно.

Zito akcija 640x289px

Пред раѓањето на ќерка ми, работев од дома речиси две години. Иако никогаш не ја совладав уметноста на совршено дисциплинираниот распоред за работа од дома, сепак, имав рутина. Таа рутина вклучуваше будење околу 7 часот наутро и работа цел ден, исто како да сум некаде во канцеларија. Речиси никогаш не се откажував пред 17 часот и затоа што ја сакам мојата улога како слободен писател и уредник на блог, понекогаш работев и до доцна вечерта.

Agria

Кога останав бремена, сфатив дека навистина немам поим како би било да се работи од дома со бебе. Истовремено, дел од мене навистина веруваше дека во првите неколку месеци ќе биде лесно. Новородените бебиња само спијат, нели? Тие не почнуваат да прават движења до 5 месеци, нели? Ќе биде совршено, нели? Погрешно. Во првите неколку недели од животот на ќерка ми, таа спиеше. Многу. Се разбира, тоа беа неделите кога бев на породилно отсуство. Повеќето денови ми беше досадно. Дали сте гледале телевизија во текот на денот? Четири недели по породувањето, ја тргнав прашината од лаптопот и се вратив на работа. Случајно, ова беше кога долгите дневни дремки на ќерка ми се претворија во 20-минутни дремки. Некое време само трпеливо чекав да дојде нејзиното време за дремка и брзо да седнам да поработам додека таа спие. И потоа повторно за време на нејзината кратка попладневна дремка. А потоа повторно за нејзината вечерна дремка. На крајот на денот, се чувствував како да сум на работен режим од моментот кога се разбудив затоа што навистина – бев. Поголемиот дел од денот го поминував држејќи ја в раце, додека повремено го вклучував компјутерот.

Таа не добиваше 100 проценти од мене, а не добиваше ни мојата работа. За среќа, мојата ќерка беше суперѕвезда кога стануваше збор за спиење. Секоја вечер во 19 часот, таа се исклучуваше како светилка и само накратко се будеше за да ја дојам. Затоа донесов одлука да работам ноќе. Ги посветував моите денови на мајчинството, а потоа почнував со работа кога таа длабоко ќе заспиеше. Совршено, нели? Погрешно. Како што излезе, да се водите според доенче кое не сака да спие цел ден е исцрпувачко. До 19 часот веќе ми беше потребна дремка – по можност осумчасовна. И нема да почнам со регресија на спиењето и никнување на забите кај 4-месечно дете. Тоа е за друга објава. И покрај предизвиците, сепак сум благодарна за мојата ситуација.

Како што реков, уживам во тоа што го работам, па би сакала да имам одреден дел од времето кога ќе можам да бидам само писател, а не писател кој е подготвен во секој момент да го заниша бебето за да заспие. Кога ќе заврши работниот ден, вработените мајки треба да се вратат дома и да бидат само мајки. Е-поштата, пораките, задачите и одговорностите ќе останат во канцеларијата.

За мене, фактот дека треба да почнам со мојата работа е секогаш во задниот дел од мојата глава. За среќа, мојот сопруг разбира дека немам време за ништо друго освен за грижата за ќерка ми и за работата. Додека мајките што работат или мајките што остануваат дома веројатно уживаат во некое тивко време во вечерта со нивните партнери, јас сум навикната да разговарам со мојот сопруг преку лаптоп и се трудам да оставам впечаток на некој кој навистина може да одвои една минута да обрне внимание на тоа што тој го кажува. Засега, прифатив дека работата навечер додека на ќерка ми помалку ѝ требам ми дозволува да дадам (речиси) сѐ од себе за двете улоги. И додека ова создава преполн распоред во текот на неделата, сите ние сепак работиме и во викендите, нели?

Знам дека како мајки сите сме зафатени. Сите чувствуваме вина. И сите ние ги „расипуваме“ децата со тоа што се трудиме да не ги „расипеме“ нашите деца. Разбирам. Но, следниот пат кога ќе видам мајка која оди на работа и невработена мајка или некоја што работи од дома како се расправаат, секако би сакала да се вмешам и да се борам за сите мајки што работат од дома.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26802/imate-tvrdoglavo-dete-eve-shto-da-napravite/