Дали ова лето ќе има свадби и други прослави и под какви протоколи? Втора година по ред угостителите и младоженците се во неизвесност.
Вчера министерот за здравство Венко Филипче истакна дека епидемиолошката слика дава можности за дополнително олеснување на рестрикциите, дека ќе може да се организираат културни настани и некои спортски натпревари, но засега не и свадби.
Со спротивен став е неговиот колега министерот за економија Крешник Бектеши кој вели дека доколку продолжи ваквата епидемиолошка ситуација, тогаш крај на мај или почеток на јуни ќе се отворат и рестораните за свадби согласно протоколите кои ќе бидат одобрени.
Во останатите европски земји во игра се повеќе опции и веќе се тестираат масовни забави. Една од опциите која ја најавуваат српските здравствени власти е организирање на свадби но само ако гостите се вакцинирани или имаат негативен ПЦР тест. Србите најавија дека ако до крајот на јуни три милиони граѓани ја примат втората доза на вакцината, од јули може да се очекуваат првите свадбени веселби.
Сопствениците на ресторани за свадби, ноќни клубови и останати дејности во оваа индустрија досега неколку пати протестираа пред Владата. Во моментов протестите се ставени во мирување.
Можеби ќе ве интересира: