Претежно облачно, локално со кратки сончеви периоди, во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Кон крајот на денот во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Текстот продолжува под рекламата
Во Велес претежно облачно. Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 4°C, а максимумот од 3 до 8°C.
Текстот продолжува под рекламата
Најмногу дожд, пак, во изминатото деноноќие наврна во Демир Капија 54 литри на квадратен метар, во Куманово 43, Тетово 37, Битола 31, Скопје 24 литри.
Најниска температура од -2 степени изутринава е измерена на Попова Шапка, -1 Маврови Анови, во Скопје 7, а најтопло е во Гевгелија и Демир Капија со 8 степени.
Можеби ќе ве интересира: