Фудбалерите на Превалец со победата над Марена во минатото коло го направија интересен понатамошниот тек на натпреварот во Трета лига – Север. Имено, лидерот Борец и второпласираниот тим Големо Коњари, во минатото коло ремизираа на гостувањата во Росоман, односно Крушево , па сега за титулата во оваа категорија и борбата за бараж за промоција во Втората фудбалска лига е многу неизвесна.
Содржината продолжува под рекламата
Во недела ќе се одигра дербито во Коњари, помеѓу големо Коњари и Превалец и може да даде одговор кој тим ќе биде поблиску до баражот. Борец ова коло е слободен.
Содржината продолжува под рекламата
По 14 одиграни кола, Борец е на чело на табелата со освоени 30 бода. Превалец и Големо Коњари се на делба на втората позиција со 26 освоени бода.
Можеби ќе ве интересира: