Десет полицајци се повредени во судир со група затвореници при претрес во полуотвореното одделение во Казнено поправната установа Идризово. Во судирот со полицијата со повреди се здобиле и дел од затворениците.
Содржината продолжува под рекламата
Како што соопшти МВР, при преземањето службените дејствија, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, соопштуваат од МВР, но како што велат, по преземени мерки и активности затворениците биле совладани.
Содржината продолжува под рекламата
При претресот се најдени над 80 парчиња ладно оружје, мобилни телефони и дрога. Кога полицијата почнала да го прави претресот во полуотвореното одделение на затворот Идризово, се собрала група од 60-тина затвореници кои се спротивставиле на акцијата при што настанал инцидентот.
Можеби ќе ве интересира: