Сојузот на здруженија на дијабетичари алармира дека се соочуваат со недостиг од терапија за контрола на шеќерната болест. Оттаму потенцираат дека има недостиг на терапиите „оземпик“ и неговата таблетарна форма „рибелсус“, а дека од Министерството за здравство добиле незадоволителен одговор за причините.
Според сојузот овие две терапии „оземпик“ и „рибелсус“ ги има во државата за сите постојни пациенти до потпишување на договорот за набавка на планираните дополнителни количини. Но, додаваат од сојузот, овие количини не сите ги добиваат континуирано и навремено. Бараат промени во моделот на достапност на терпија и помагала со отворен пазар и воведување на референтни цени.
Од Министерството за здравство пак информираат дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки.
Можеби ќе ве интересира: