Бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 во велешката болница во моментов изнесува 24 пациенти што е за пет пациенти повеќе од вчерашниот ден.
Содржината продолжува под рекламата
Од нив, девет имаат позитивни тестови, тројца пациенти се сомнителни на вирусот, а 12 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега.
Содржината продолжува под рекламата
На кислородна поддршка се осум пациенти. На инфективното одделение се сместени 20 пациенти, а на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат четири пациенти. Во последните 24 часа нема испишан пациент, додека хоспитализирани се пет пациенти.
Можеби ќе ве интересира: