Претседателот на Државната изборна комисија – ДИК, Александар Даштевски на првата прес-конференција на комисијата во 9.30 часот соопшти дека има податоци за излезноста до 9 часот само за 23 отсто од гласачките места на денешното гласање од првиот круг на претседателските избори. Гласале само 3,85 отсто од избирачите на тие гласачки места. Проблеми и нарушувања на изборниот процес нема утрово, рече Даштевски.
„До 9 часот, според податоците на ДИК, во 23 отсто од избирачките места, гласале 15.487 илјади гласачи, што изнесува 3,85 oтсто вкупно запишаните на 402 илјади избирачи“, рече претседателот на ДИК.
Тој информира дека се поднесени 12 приговори за заштита на лично гласачко право, кои ќе бидат проверени во списоците на ДИК и доколку има повреда, ќе бидат известени одговорните лица на гласачките места и тие лица ќе можат да го остварат гласачкото право.
Moжеби ќе ве интересира: