Двајца починаа, но во велешката болница се намалува бројот на хоспитализирани и на пациенти на кислород

infektivno veles

И овој ден не помина без починати пациенти од ковид-19 во велешката болница. Велешанка на 70-годишна возраст и маж на 58-години од село Горно Оризари починаа во последните 24 часа, како последица од компликации од коронавирусот. И двајцата имале потврдени позитивни тестови. Починатата велешанка на инфективното одделение се лекувала две недели, а мажот бил примен пред два дена.

Zito akcija 640x289px

Втор ден по ред се намалува бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница пради ковид-19. Денеска таму се лекуваат 65 пациенти, од кои 56 имаат потврдени позитивни тестови, двајца се сомнителни на вирусот, а седуммина имаат негативни тестови. Намален е и бројот на пациенти кои добиваат кислородна поддршка и сега тој изнесува 15 пациенти. На инфективното одделение се хоспитализирани 47 пациенти, на одделението за физикална терапија има 11, а на интерното одделение седум пациенти.

Agria

Во Велес со коронавирус досега се заразаја 1841 пациент, од кои излечени се 1076, а починаа 63. Активни се се уште 702 случаи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/16038/mvr-prodolzhuva-da-sanczionira-gragani-koi-ne-ja-pochituvaat-merkata-za-nosene-lichna-zashtita-na-licze/