Двајца загинати во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Прилеп – Градско

Soobrakajka

Двајца лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 14:30 часот на експресниот пат Прилеп – Градско, информираат од СВР Велес.

Жртвите се 60-годишниот Ќ.С. од Делчево, кој го управувал патничкото возило од марката „Ауди“ со делчевски регистарски ознаки, и неговата сопатничка, 57-годишната С.С., исто така од Делчево. Според информациите од истрагата, возилото излетало од коловозот под засега неутврдени причини.

Agria

Од силниот удар и здобиените повреди, и возачот и сопатничката починале на самото место. Смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош кој пристигнал на местото на несреќата.

По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта, додека увид на местото извршила екипа од СВР Велес, која работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила трагедијата.

Сообраќајот на овој дел од експресниот пат во попладневните часови бил делумно пренасочен заради увидот и отстранување на возилото.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: