Две велешанки пријавиле дека биле жртви на семејно насилство. Во првиот случај 53 годишна жена пријавила дека била тепана од нејзиниот 57 годишен сопруг, а во вториот случај, 33 годишна жена од населба Превалец била жртва на насилство од својот сопруг, соопшти полицијата.
Содржината продолжува под рекламата
„На 29.12.2021 во СВР Велес, 53-годишна жена од Велес пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.Х.(57). На 29.12.2021 во СВР Велес, 33-годишна жена од Велес пријавила дека на 28.12.2021 во населба Превалец била физички нападната од нејзиниот сопруг А.С.(33)“, соопшти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
По целосно документирање на двата случаја ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: