Двегодишно дете заразено од короронавирусот

Уште едно дете што било хоспитализирано на детското одделение во Кочани е позитивно на корона вирус.  Двегодишното дете  во болница било донесено вчера. Бидејќи имало симптоми на Ковид 19 земен е брис што утринава се покажал позитивен. Според директорот на Општата болница во Кочани детето е во стабилна состојба, но според насоките на Министеството за здравство е испратено на Инфективната клиника во Скопје. Се уште се чекаат резултатите за медицинските лица од детското одделение што го лекуваа четримесечното бебе за кое пред неколку дена се потврди дека е инфицирано од вирусот.

Zito akcija 640x289px

„Сите досега стигнати резултати за медицински лица се негативни. Тврдам дека и во овој како и во случајот со четригодишното бебе се почитувани протоколите за заштита од страна на вработените“ вели во телефонска изјава Александар Серафимов , директор на Општата болница во Кочани.

Agria
KOcani

 За разлика од болницата во Кочани, во Штип по првиот  случај вчера, денес се стигнати уште три позитивни тестови за медицински персонал. Станува збор за болничар, медицинска сестра и лекар што не е од Инфективното одделение. Сите имале контакт со 80 годишната жена од Штип што пред неколку дена почина од корона вирус. Се чекаат тестовите за уште шестмина вработени. Инаку освен медицинските лицаво Штип се регистрирани уште три нови случаи на заболени со Ковид 19.