Еден нов случај на ковид-19 во Велес

Veles Maj 2021
Veles Maj 2021

Малиот број на тестови извршени во последните 24 часа придонесоа во Велес да е регистриран само еден нов случај на ковид-19. Оздравени се шест пациенти, а едно лице на 84 годишна возраст е починато. Активниот број на случаи во Велес е 318.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 82, Кавадарци – 8, Куманово – 6, Прилеп, Битола, Неготино и Крива Паланка – по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Регистрирани сe 419 оздравени пациент. Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 7 починати лица од Скопје (78г, 78г, 76г, 76г, 72г, 67г и 66г) и по едно починато лице од  Куманово (66г), Струмица (72г), Штип (62г), Дебар (37г) и Велес (84г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е уште едно лице, со датум на смрт 25.09.2021 година. Починатото лице е од Крива Паланка, на возраст од 77 години, починат во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.999 бројката на оздравени пациенти е 171.375, на починати е 6.607, а бројот на активни случаи изнесува 12.017.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: