„Едвард Втори“ на велешкиот театар селектиран на МЕС во Сараево

edvard-vtori-prestava

Претставата „Едвард Втори“, копродукциски проект на НУЦК Театар „Јордан Х.К. Џинот“, Велес и Драмски Театар Н.О. Масалитинов, Пловдив, Р. Бугарија е селектирана во официјалната селекција на фестивалот МЕС, Сараево, БиХ.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

МЕСС е најстариот театарски фестивал во Југоисточна Европа, основан во 1960 година и уште од своите зачетоци е иноваторски, ризикувајќи и вложувајќи во најхрабрите уметнички проекти. Претставата „Едвард Втори” ќе биде изведена на сцената на Народно позориште Сараево на 6 октомври.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Инаку претставата „Едвард Втори“ на неодамна завршениот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, освои две награди. Награда за костимографија на Симон Мачабели и Раде Василев и награда за младa актеркa на Јована Миладинова за улогата на Изабел де Валоа.

Можеби ќе ве интересира: