Кривичниот суд му пресуди осум години затвор на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, за злоупотреба на службената должност. Поранешниот раководител на општината Слободан Бончановски доби шест и пол години затвор. Во предметот „Транспортер“ за ученичкиот превоз во Битола, од вкупно 21 обвинет, 11 добија ефективни затворски казни во висина од две години и два месеци до три години и три месеци.
Обвинетите одговараа за кривично дело „злоупотреба на службена положба“, во кое се товарат дека направиле штета од над 550 илјади евра. Тие имаат право и на жалбена постапка пред Апелација.
Читајки ја првостепената пресуда речиси еден час, судијката Добрила Кацарска објаснуваше зошто јавната набавка за ученички превоз во Битола, била незаконска и што преземале обвинетите.