Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-98“ и „евросупер БС-95“, на „евродизелот (Д-Е V)“ и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат. Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 2,00 денара за литар.
Содржината продолжува под рекламата
ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 81,5 денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе изнесува 83,5 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува 76 денари по литар, масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,700 (денари/литар) „мазут М-1 НС“ – 41,266 (денар/килограм).
Можеби ќе ве интересира: