Фондацијата на Заев донира шест мотоцикли за македонската полиција

zaevi doniraa motori za policijata
zaevi doniraa motori za policijata

Во кругот на Министерството за внатрешни работи беше предадена донација од Фондацијата „Заев“, која се состои од 6 мотоцикли за потребите на МВР и македонската полиција.

Zito akcija 640x289px

Директорот на Фондацијата и експремиерот, Зоран Заев, ја предаде донацијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со цел, како што беше посочено, подобри резултати на повеќе организациски единици при Министерството.

Agria

„Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата ‘Заев“, чија помош и поддршка се од огромно значење за дополнително зајакнување на капацитетите, а со цел зголемување на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР. Тоа значи дека го модернизираме возниот парк по највисоки стандарди, а со тоа придонесуваме кон уште поголема безбедност на граѓаните и државата“, објави МВР.

Министерот Спасовски во свое и во име на МВР изрази благодарност до Фондацијата „Заев“ за оваа важна донација, при што истакна дека безбедноста зависи од секој еден, ја креираат сите општествени фактори и е од клучна важност да се препознае општествената одговорност, а потоа и да се дејствува во таа насока. Воедно, Спасовски потенцира дека мотоциклите се наменети исклучиво за оперативната работа на полициските служби.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: