Во натпревар со пресврти фудбалерите на Борец немаа сили да направат подвиг и да ја извојуваат првата победа во првентвото. Во рамки на 22 коло од Втората фудбалска лига Борец загиби од Арсими на домашен терен со резултат 2:4, полувреме 2:2.
Содржината продолжува под рекламата
Гостите тргнаа офанзивно и по неколку промашени прилики дојдоа во водство во 23 минута преку Абдулвахит Мурати. Радоста на гостите кратко траеша, па така Јосиф Манасиев израмни на 1:1. Ова беше и најдобриот период за велешани бидејќи не реализираа две стопроцентни шанси за гол.
Содржината продолжува под рекламата
Сепак Влатко Стојановски во 45 минута го доведе Борец во водство. А кога сите очекуваа крај на првиот дел по една катастрофална грешка на одбраната на Борец, Абдулвахит Мурати, со неговиот втор гол го израмни резултатот во судиското надополнување .
Во вториот дел Шпенд Асани, најпрво во 55 минута донесе водство за гостите, а во 74 со ефектен гол од 16 метри ги постави конечните 2:4.
Можеби ќе ве интересира: