(ФОТО И ВИДЕО) Започна Европскиот куп во кајак спуст, Љубомир Спасиќ прв во Франција

kkk-arka-francija-1

Репрезентацијата на Македонија во кајак спуст во состав Љубомир Спасиќ, Кристијан Лазаров, Благој Гугинов и Александар Златаров, сите членови на велешкиот кајак клуб ККК Арка-Борец Велес ги започна настапите на Европскиот куп во кајак спуст на дива вода за 2024 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Првото коло од Европскиот куп во кајак спуст на дива вода за 2024 година се одржа во Сент Лоран Бланж во Франција, и нашите преставници имаа забележителни резултати.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во категорија МК1, прво место освои Љубомир Спасиќ, во категорија ЈК1 трето место освои Кристија Лазаров, додека Благој Гугинов беше седми. Во категорија SК1, Александар Златаров го совои четвртото место, додека Љубомир Спасиќ беше десети.

Натпреварите продолжуваат веќе следниот викенд со трките од второто коло на Европскиот куп во кајак спуст кој ќе се одржи во градот Фулда, Германија.

Инаку минатата година во конкуренција од 130 кајакари, кајакарот на Кајак Кану Клуб Арка-Борец од Велес, Кристијан Лазаров стана шампион на Европскиот куп во кајак спуст на дива вода за 2023 година со освоени 271 бод.. Второто место го освои уште еден велешанец, исто така член на Кајак Кану Клуб Арка-Борец, Благој Гугинов со 255 бода.

Во сениорска конкуренција велешките кајакари Александар Златаров и Љубомир Спасиќ го освоија второто и третото место, веднаш зад победникот Бонард од Франција.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: