Велешанец за малку избегнал трагедија, кога утрово со својот автомобил, возејќи по автопатот Велес – Скопје удрил во крава. За среќа, возачот не е повреден, но материјалната штета на неговиот автомобил е голема.
Иако на оваа делница возачите плаќаат патарина, а со тоа државата треба да им обезбеди сигурност на патот, се почесто се случува животни да излегуваат на автопатот и да го загрозуваат сообраќајот.
Пред два дена на автопатот Скопје – Велес возач удри во дива свиња. И во тој случај, за малку беше избегната трагедија со човечки жртви, но беше причинета материјална штета. Овој пат, на коловозот од автопатот се појави домашно животно, чиј несовесен стопан најверојатно го изгубил од вид, а необезбедениот пат е причина што животното успеало да излезе на автопатот.
И во двата случаи, возачите најавуваат тужби кон државните институции, надлежни за обезбедување безбедност на автопатиштата низ државата.
Можеби ќе ве интересира: