30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Фруитленд Борец од Велес го ангажираше левиот бек Бариша Цвитановиќ

Barisha Cvitkovik Fruitlend Borec

Ракометниот клуб Фруитленд Борец  го засили својот ростер со младото и талентирано име, Бариша Цвитановиќ, кој ќе настапува на позицијата лев бек. Цвитановиќ, кој има 22 години, доаѓа од хрватскиот клуб Метковиќ.

Zito akcija 640x289px

За Цвитановиќ ова е прв интернационален предизвик, а велешани добиваат висок бек шутер и се очекува достојно да го замени Тоше Ончев. Инаку Цвитановиќ потекнува од ракометната школа на Ивано Балиќ и Перо Метличиќ.

Agria

Велешани се наоѓаат на 10 место на табелата, а на 16 натпревари досега имаа две победи, две нерешени средби и 12 порази, па во пролетниот дел од сезоната ќе се борат за опстанок во Супер лигата. Првиот натпревар од пролетниот дел ќе го одиграат на 8 февруар на домашен терен против екипата на Охрид.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: