Во машката ракометна Супер лига на програмата е 9 коло. Велешкиот ракометен суперлигаш, екипата на Фруитленд Борец ќе има тешка задача на свој терен против составот на Бутел.
Со нерешениот исход во Радовиш, велешани ја прекинаа црната серија од шест порази по ред, и сега со поголем оптимизам го пречекуваат скопскиот тим, кој се наоѓа на 5 позиција, со само три порази во првенството.
Натпреварот против Бутел ќе се одигра утре 26.10. во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, со почеток од 18 часот. Судии на натпреварот ќе бидат Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола.