Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се очекува да ги распише локалните избори, иако се уште нема официјална потврда од Кабинетот на спикерот.
Ова ќе бидат осми локални избори по ред од независноста на државата.
Утрешниот ден всушност е и последниот рок за распишување на изборите кои, според најавите треба да се одржат на 19 октомври.
Со чинот на распишување ќе почнат да течат роковите за изборниот процес. Локалните избори треба да се одржат и завршат на 19 октомври за советниците, а доколку има втор круг за градоначалници гласањето ќе биде на 2 ноември.
На локалните избори, граѓаните ќе бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.