Граѓанин во Велес ја украл кутијата за донации која стоеше пред гостилница Боем, од таму на „чесниот сторител“ му посакуваат многу здравје и со среќа да си ги троши парите

Кутијата на Црвениот крст која беше поставена пред гостилница Боем, а во која се собираа донации од граѓани за кампањата „За нула гладни во Велес“ во текот на вчерашниот ден е украдена. Арамијата ги украл парите кои беа наменети за оние, кои немаат доволно пари да си купат храна.

Zito akcija 640x289px

Од Гостилницата “Боем“ на сторителот иронично му порачаа дека откако украдените пари ќе ги потрош, повторно е добредојден во нивната кујна и доколку е повторно гладен, ќе му обезбедат оброк.

Agria

Мисија на Гостилницата „Боем“ и Црвениот Крст ќе продолжи и покрај немилиот настан.

„Нашата мисија за нула гладни во Велес останува непоколеблива. Првичните 6 месеци истекуваат во месец јануари 2021 и планираме нови шест месеци со нови или стари поддржувачи на проектот“, рече Трајче Мешков, сопственик на гостилница Боем.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=180014120437985&id=110813594024705

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: