Грција ќе им понуди на лекарите и на другиот медицински персонал трета доза од вакцината против Ковид-19, објави вчера Министерството за здравство.
Здравствените советници веќе препорачаа вакцинација за ранливите групи и за оние над 60 години, пишува „Ројтерс“.
Вакцинацијата не е задолжителна, рече Мариос Темистоклеус, генерален секретар задолжен за вакцинација против Ковид-19.
Грција вчера пријави 2.126 нови инфекции и 39 смртни случаи, со што вкупниот број на заразени се искачи на 632.908, а смртните случаи на 14.505 од почетокот на пандемијата.
Можеби ќе ве интересира: