Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се огласи за вечерашниве случувања во ресторан на Боемска улица, во кој биле спречени да извршат контрола пазарните инспектори.
Мицкоски признава дека седел во затворениот дел на ресторанот со уште двајца негови познаници, но вели не бил доволно информиран за новите протоколи. Тој вели дека немал контакт со никој од државна инспекција или други државни органи,а во известувањето за настанот гледа обид за да се дефокусира јавноста.
Тој истакна дека ако тоа е неговиот најголем грев, грешка и пропуст е спремен да плати парична казна, и не мисли дека луѓето не знаат да направат грешка.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва беше затекнат во внатрешноста на угостителски објект, при обид на пазарната инспекција да изврши контрола. Пазарните инспектори останаа повеќе од два часа пред објектот зашто не им бил дозволен влез.