Исламски џихад: Постигнат договор за прекин на огнот со Израел

Постигнат е договор за прекин на огнот меѓу Израел и палестинскиот Исламски џихад, изјави вечерва за „Ал Кудс њуз“ портпаролот на групата – Мухамед ал Хинти.

Zito akcija 640x289px

Договорот за прекин на огнот вклучува ослободување на лидерот на Исламски џихад Басем Сади, објави „Џерусалим пост“.

Agria

Апсењето на Сади пред неколку дена беше повод за отворени непријателства и конфликти меѓу Израел и Исламски џихад, а во петокот Израел ја започна операцијата „Зора“ против палестинската милитантна организација.

Околу 30 Палестинци, од кои најмалку една третина цивили и двајца команданти на милитантната група Исламски Џихад, беа убиени во израелските воздушни напади за време на викендот, додека ракетите истрелани од палестинските екстремисти испратија десетици илјади Израелци во засолништа.

Разгорувањето на израелско-палестинскиот конфликт ги загрижи светските сили и го поттикна посредништвото на Египет, кој се обиде да постигне примирје.

Израел во петокот изврши напади врз цели во Појасот Газа за да спречи ракетни напади на Исламски џихад како одговор на апсењето на палестинскиот лидер на окупираниот Западен Брег.

Израелската армија потврди дека од петокот попладне до синоќа над 160 ракети биле истрелани врз Израел од Појасот Газа, објави претходно „Тајмс оф Израел“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: