Казна затвор од шест години затвор за човекот кој запали казино во Велес

Основниот Суд во Велес во прв степен го осуди лицето Д.М. на ефективна казна затвор во времетраење од шест години, поради тоа што на 18 јануари 2024 година, откако го посетил автомат клубот „Вила Зора“ во Велес, излегол оттаму, купил бензин и го ставил во две пластични шишиња, се вратил, ги полеал апаратите за игри на среќа и столовите и ги запалил. Со таквите дејствија предизвикал целосно опожарување на објектот и со тоа ги ставил во опасност вработените, но и станарите кои живеат во зградата, пренесува Libertas.

Zito akcija 640x289px

Јавноста беше згрозена од овој инцидент кој освен значителна материјална штета можеше да заврши многу трагично и да однесе и човечки животи.

Agria

„Со вака изречената кривична санкција, судот цени дека ќе биде постигната целта на казнувањето како на специјален, така и на генерален план“, стои во образложението на пресудата на Основниот Суд во Велес

Осудениот има право на жалба на оваа пресуда до Апелациониот Суд во Скопје. Тој се наоѓа во притвор од 18.01.2024 година.

Во последниот период од билтените на МВР јавноста се информира за исти или слични кривични дејствија со кои се нанесува материјална или нематеријална штета во објекти каде се одвиваат игри на среќа. Приредувачите на игри на среќа велат дека имаат добра соработка и редовна координација со МВР за превентивни мерки за сузбивање на ваков тип кривични дела.

Пресудата на Основниот Суд во Велес е сериозна порака до сите оние кои поради тоа што самите одлучиле да си ја испробаат среќата и не им тргнало по планот, помислуваат дека можат во афект да дивеат и да сторуваат тешки кривични дела против општата сигурност

Можеби ќе ве интересира: