Казнети 27 мотоциклисти во Велес

Полициски службеници за безбедност на патниот сообраќај Велес во периодот од 18.00 часот вчера до 03.00 часот ноќеска спроведоа акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли.

Zito akcija 640x289px

Притоа санкционирани се 27 возачи на мотоцикли, кај кои се констатирани низа прекршоци. Истовремено, откриени се и законски санкционирани и 18 други прекршоци.

Agria

Покрај Велес, во текот на изминатото деноноќие во Скопје биле санкционирани 384 учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи најави дека ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и во наредните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќај во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12509/kakov-imot-poseduvaat-veleshkite-prateniczi-janushev-i-zdravkovski-najbogati-apasiev-so-najgolemi-dolgovi/