КФСМ промовираше два големи новитети од кои ќе профитира македонската кошарка

Водечките луѓе на македонската кошарка денеска ги свикаа новинарите за да дадат отчет за сработеното во последните години, но и да најават многу подобри времиња и проекти благодарение на последната голема зделка, пренесува порталот дерби.мк

Zito akcija 640x289px

Пред два дена беше потврдено дека телекомуникацискиот оператор МТЕЛ ќе биде нов генерален спонзор на Првата лига, а денеска на прес-конференцијата беше објаснето дека со тоа се укинува котизацијата која досега клубовите беа обврзани да ја плаќаат.

Agria

„Сакаме да промовираме две работи кои не се случуваат секојдневно во нашата кошарка. Првата е она што го најавиме уште кога дојдовме. Макотрпено работевме за да овозможиме генерален спонзор во Првата лига. Остваривме успешна соработка со МТЕЛ, се надевам дека тоа ќе биде долгорочно решение. Договорот е на една година, но може да биде продолжен за уште три. Ваква ситуација не се памети во мак-баскетот од 2010-та година. Првпат имаме четири спонзори во Лигата после 14 години“, – изјави генералниот секретар на КФСМ, Владимир Георгиевски.

Втората важна вест доаѓа во соработка на ФИБА, бидејќи светската кошаркарска асоцијација решила да изврши донација за градење на  професионален терен во Македонија.

„Благодарение на претседателот Антиќ и неговите конекции, успеавме да оствариме близок контакт со ФИБА. ФИБА Фондацијата заедно со ФИБА свет и КФСМ успеа да обезбеди целосно покривање на терен за спортската сала во Кале. „Кале“ ќе добие професионална подлога, а сега сме во преговори и за обнова на осветлувањето. ФИБА донира два такви терени во светот, а една од тие земји е Македонија. Со ова затвораме еден голем проект, се надевам дека набрзо ќе можеме да се пофалиме со сала според сите ФИБА стандарди“, додаде Георгиевски.

Изминатиот период во јавноста се пишуваше и за можна смена на раководството во КФСМ, но претседателот Перо Антиќ најави дека негова главна цел е да работи за доброто на македонската кошарка.

„Свесни сме за шпекулациите кои ги има во јавноста, запознаени сме со тој процес. Има клубови кои се под притисок, многу клубив се жалат дека имаат притисоци. Јас можам да кажам дека ние како институција сме им помогнале на сите клубови. На таа тема сме мирни, работиме за доброто на македонската кошарка и ќе продолжиме во тој правец, – изјави Перо Антиќ.

Покрај Антиќ и Георгиевски, на денешниот прес присутни беа и спортскиот директор Марјан Србиновски, како и директорот на репрезентацијата“, Ѓорѓи Чековски.

Веста е преземена од дерби.мк

Можеби ќе ве интересира: