Кире Лазаров позитивен на коронавирус

kire lazarov

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, излегол позитивен на редовното тестирање за коронавирусот, во пресрет на седмото коло од Лигата на шампиоинте.

Zito akcija 640x289px

Нант прво ја соопшти веста дека има двајца нови ракометари кои се позитивни на глобалниот вирус, а потоа „20минутес.фр“ обелодени дека станува збор за Лазаров и за шпанскиот пивот Адрија Фигуерас.

Agria

Поради ова, Нант ја откажа средбата против Цеље во ЛШ, планирана за в четврток, бидејќи не е исклучена можноста вирусот да е проширен и кај уште некој ракометар од екипата.

Она што е најважно е дека капитенот на македонската репрезентација бил без симптоми и во добра здравствена состојба, како што вели во изјавата за г-спорт.мк. Сега Нант дополнително ќе ги тестира останатите играчи ќе решава што да преземе понатаму, дали да ја става екипата во карантин, колку долго итн.

Тоа се нови главоболки и за ЕХФ и за француската ракометна лига, кои мака мачат да врзат нормални кола, поради големиот број одложени средби. Нант досега одигра четири меча во ЛШ, во кои оствари една победа, на гости кај Кил, а загуби трипати, дома од Веспрем и од Барселона, а на гости кај Алборг.

Преземено од libertas.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: