Кирил Гајдов нов претседател на Советот на Општина Велес

Kiril Gajdov

Претседателот на локалниот огранот на НСДП Кирил Гајдов е избран за нов претседател на Советот на Општина Велес. Ваква одлука вчера донесе мнозинството на Советот, откако 13 членови гласаа ЗА, а седуммина беа против. Зад изборот на Гајдов застанаа членовите на Советот од коалицијата предводена од СДСМ, додека коалицијата на ВМРО ДПМНЕ за прв човек на Советот на Општината го предложија нивниот член Петре Саздов, кој не го доби потребното мнозинство.

Zito akcija 640x289px

Гајдов е трет претседател на Советот во овој мандат. Претходно, поради лични причини од функцијата се повлече Душко Петров, а на негово место беше избран Ненад Коциќ. На последните парламентарни избори Коциќ стана пратеник, па сега на претседателското столче седнува Гајдов.

Agria

Кирил Гајдов има 47 години и е дипломиран правник, сопственик на приватна компанија. Ова му е втор мандат како член на Советот на Општина Велес.

Седницата на Советот на Општина Велес на која требаше да се избере претседател еднаш беше одложена, бидејќи членовите на Советот од власта ја повлекоа точката од дневен ред, поради дополнителни консултации. Речиси еден месец откако на претходниот претседател Ненад Коциќ му престана мандатот, членовите на Советот на Општина Велес избраа претседател.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/12785/igor-janushev-poveke-ne-e-generalen-sekratar-na-vmro-dpmne-infektologot-velo-markovski-nov-chlen-na-ik/