Комисијата за заразни болести во овие услови не препорачува носење маски

lugje so maski

На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледувала епидемиолошката состојба во земјата.

Zito akcija 640x289px

Информираат дека во изминатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи (8,5%), што е значително понизок пораст споредено со претходната недела (55,7%) и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0) и напоменуваат дека Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор.

Agria

„Во овие услови, Комисијата не препорачува воведување нови рестриктивни мерки и апелира до граѓаните на совесно однесување и почитување на мерките кои се на сила, т.е. задолжително носење  заштитни маски во здравствените установи, аптеките, во јавниот превоз и во згрижувачките установи. Од особена важност е граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се ковид-позитивни да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу себе, така што ќе избегнуваат близок контакт со други луѓе и престој во затворени простории без маски“, се вели во соопштението од КЗБ.

Останува силната препорака/апел за сите граѓани, а особено за граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста да се придржуваат до сите потврдени епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на раце, избегнување метеж и престој во затворени и непроветрени простории и носење  заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/31702/eurosuper-bs-98-od-vecher-na-polnok-poevtin-za-2-denari/