Вршителот на должноста директор на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, изјави дека во Бањска, каде синоќа беше убиен косовски полицаец, дошло до размена на оган меѓу полицајци и „тешко вооружени униформирани лица“.
Содржината продолжува под рекламата
„Гледаме вооружени луѓе, тоа е тешко оружје, тие пукаат во нас, пукаме ние. Сметаме дека тоа се странци во униформа со тешко оружје“, изјави Елшани за Радио Контакт плус.
Содржината продолжува под рекламата
Но, тој не можеше да прецизира кои се униформираните, но изјави дека поседуваат оклопни возила. Исто така, не можеше да потврди дали има нови повредени.
Можеби ќе ве интересира: