Ковид состојбата урива рекорди од ден на ден

Maski za corona

И денес црна статистика во нашата држава, 934 новозаболени, а речиси половина се од Скопје.

Zito akcija 640x289px

Според Министерството за здравство во последните 24 часа во Велес се ргистрирани 82 нови случаи на коронавирус. Со тоа бројот на активни случаи се искачи на 338.

Agria

Во Скопје кој е рекордер по бројот на заразени, забележани се 420 нови позитивни случаи на коронавирус. Следуваат Прилеп со 61, Тетово 58, Куманово 35, Струмица 30, Битола 33, Кичево 20, Охрид 23, Кочани 22, Свети Николе и Гевгелија 13, Гостивар 18, Кавадраци 19, Пробиштип и Неготино осум, Радовиш седум, по шест има во Берово и Ресен, четири во Кратово, Делчево и Крива Паланка, Крушево и Виница по два нови случаи и Валандово и Пехчево по еден новозаболен од ковид 19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти, починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75г) и двајца од Прилеп (73 и 78г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 30488, бројката на оздравени пациенти е 20448, на починати е 982, а бројот на активни случаи изнесува 9058.

Mожеби ќе ве интересира:

https://batali.net/14906/nake-chulev-pozitiven-na-kovid-19/