Лажна била дојавата за поставена бомба во зградата на Основниот суд во Охрид. По извршените проверки на објектот, вработените во Судот се вратени на своите работни места.
Содржината продолжува под рекламата
Инаку, дојавата била извршена утрово во 7.50 часот до полицијата во Охрид, од страна на непознато лице. Веднаш потоа беа спроведени активности за обезбедување на објектот, вработените од Судот беа евакуирани, а улицата пред зградата затворена за сообраќај и минувачи.
Содржината продолжува под рекламата
Анонимни дојави за поставени бомби изминатиов период има во средни и основни училишта, но и во институции и трговски центри, претежно во Скопје и Прилеп.
Можеби ќе ве интересира: