41-годишен велешанец попладнево итно е транспортиран на Инфективна во Скопје

Brza pomos vozilo
Brza pomos vozilo

Велешанец на возраст од 41 година, позитивен на ковид-19, попладнево е итно префрлен на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Нему утрово му се влошила состојбата, откако имал пад на сатурацијата. Претходно, тој една недела бил хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница.

Zito akcija 640x289px

41-годишниот велешанец е четвртиот пациент кој во последните три дена завршија на Инфективната клиника во Скопје. Со влошена здравствена состојба, вчера беа транспортирани 55-годишен маж од Велес и жена од Свети Николе на 49-годишна возраст. Уште еден пациент со потешки симптоми на вирусот завчеравечер е префрлен во ковид центарот на скопската клиника.

Agria

На инфективното одделение во велешката болница до синоќа беа хоспитализирани 35 пациенти, со што се исполи капацитетот на ова одделение. Од нив, 16 пациенти се од Велес, 11 од Свети Николе, по тројца се од Кавадарци и Неготино, и по еден пациент има од Демир Капија и Градско.

Од велешката болница велат дека е во тек подготовка за зголемување на капацитетот со болнички легла и организација на понатамошната работа со медицинскиот персонал.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: